Закани за нови терористички напади во Копенхаген

Од:

На повеќе места во данскиот главен град Копенхаген биле расфрлени летоци во кои се вели дека „наскоро во Данска ќе бидат извршени терористички напади, во споредба со кои оној од 14 февруари ќе изгледа како шега“, јави ТАСС.

Еден од летоците бил пронајден и во кафулето „Крудтонден“, каде на 14 февруари дански државјанин со палестинско потекло отвори оган врз учесниците на дебата за слобода на говорот, а друг во меморијалот на режисерот Фин Хоргард, кој беше убиен за време на овој напад.

Портпаролот на данската полиција Карстен Ринберг во изјава за телевизијата ТВ 2 потврди дека во Копенхаген „биле пронајдени пораки“. – Не можам да ја коментирам нивната содржина, додаде Ринберг.

При нападот врз кафулето „Кридтонден“ на 14 февруари беше убено едно лице, а три други беа ранети, а потоа истиот напаѓач отвори оган врз една синагога убивајќи едно лице и ранувајќи две други. Истрагата за овие напади се уште не е завршена.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

ВИДЕО: Ја испраќаме целата артилерија што ја имаме во Украина, најави данската премиерка

Катерина Ѓуровски

Данска доби крал: Кралицата Маргарета Втора абдицираше и му го предаде тронот на својот син

Горан Наумовски

Европска потерница за богатата наследничка: Мајката призна дека децата киднапирани во Данска се кај неа

(ВИДЕО) Од ресторан во Данска киднапирани две деца: Мајката е богата наследничка, со таткото се во војна

Данска и нареди на Русија да го намали бројот на дипломати во амбасадата во Копенхаген