Зајакнати мерките за безбедност во Австрија

Од:

Австрија по неодамнешниот повик на Исламска држава до своите симпатизери на Запад да извршуваат напади, ги зајакна  мерките за безбедност, пишува виенскиот весник „Естерајх“.

Зајакнати се мерките за безбедност на американските и еврејските установи, но и на официјалните институции, како што е Парлманетот.

– Земањето заложници, како случајот во Сидне, е тешко да се спречи, оценува весникот, додавајќи дека австриските власти имаат поголема верба во превенцијата.

Службата за зачувување на уставноста и борбата против тероризмот постојано набљудува 65 лица, кои се вратиле од војната во Сирија, сметајќи дека тие во војната дополнително се радикализирале и оти поради тоа претставуваат најголема опасност. Службата ги набљудува и сите социјални мрежи и онлајн форуми, со цел да препознае евентуални радикални групи.

Би можело да ве интересира

Малолетничка од Црна Гора сакала да изврши напад во Грац

Горан Наумовски

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски