Захарова: Европскиот параламент е спонзор на идиотизмот

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, коментирајќи ја резолуцијата на Европскиот парламент за прогласување на Русија за спонзор на тероризмот, предложи ЕП да се прогласи за спонзор на идиотизмот.

Европскиот парламент денеска усвои необврзувачка резолуција со која Русија ја прогласува за спонзор на тероризмот поради воената операција во Украина, произлегува од резултатите од гласањето на пленарната седница во Стразбур.

Во моментов, Европската унија нема никаква правна рамка за класификација на земјите како државни спонзори на тероризмот.

Претходно Парламентарното собрание на НАТО објави документ во кој се препорачува земјите-членки на Алијансата да ја прогласат Русија за терористички режим.

Би можело да ве интересира

Русија за американската помош: Ова дополнително ќе ја уништи Украина

МНР: Реагиравме до Европскиот парламент и грешкта е коригирана

Захарова: Повикот на Ерменија е непријателски чекор

Фон Крамон: Киев ќе ги добие ветените 50 милијарди евра

Европскиот парламент изгласа резолуција против Србија

Захарова: Западот се обидува да ја дестабилизира Србија