Загриженост во француското бродоградилиште кое ги изгради воените бродови за Русија

Од:

Во француското бродоградилште во Сат Назер не се крие загриженост по одлуката на Париз да ја суспендира испораката на двата воени бродови од типот Мистрал на Русија, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Честитките од страна на француските сојузници изгледа не ги тешат многу вработените во бродоградилиштето, бидејќи барем засега не постојат сериозни опции за евентуален друг купувач на двата носачи на хеликоптери.

Француската морнарица нема средства за нивно купување, а барем засега ниту НАТО ниту некоја друга земја не се има појавено како потенцијален купувач. Официјално продажбата не е поништена, Русија нема најавено евентуални судски постапки против Франција за суспендирањето на испорката, бидејќи такви поставки постојат во договорот, но дипломатијата е мобилизирана од двете страни.

Париз сакаше до крај да се избегне ваквото сценарио, бидејќи зделката со Русија на Франција и носеа 1,2 милијарди евра.

Според договорот склучен во 20121 година од страна на владата на Никола Саркози, предвидено е трансфер на технологија во вредност од 220 милиони евра, како и обука на руските екипаж.

Првиот брод требаше да ѝ биде испорачан на Русија во октомври оваа година и рускиот екипаж веќе се наоѓа на бродот. Во средината на август, руската компанија за вооружување Рособоронекспорт најави дека Москва ќе ја подмири целата фкатура за носачите на хеликоптери, само откако ќе и биде испорачан и вториот носаач.

Конструкцијата на двата воени бродови дозволи создавање на 1000 работни места во Сант Назер, каде сега се стравува дека повеќе стотина од нив можат да бидат укинати поради санкциите против Русија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили