Загина првиот тореадор во шпанските арени по 30 години

Од:

Дваесет и девет годишниот шпански тореадор Виктор Барио почина вчера од последици на убод со рог на корида во Теруела, во централно-источниот регион на Шпанија, што е првиот трагичен исход од традиционалната корида во оваа земја во последните три децении.

Како што соопшти организаторот на настанот, компанијата „Tauroemocion“, медицинската служба на арената утврдила смрт на тореадорот кој добил удар со рог во десната страна од градниот кош.

Телевизиските снимки од преносот во живо прикажуваат како Лоренцо, бикот тежок повеќе од 500 килограми, му го задава фаталниот убод со рогот неколкупати силно тресејќи го тореадорот во традиционално црвено-позлатениот костим. Потоа бикот го одведуваат колегите на Барио, додека тореадорот лежи на земјата, со отворени очи но очигледно без свест.

По потекло од Грахера, село во покраината Сеговија, овој енергичен и талентиран тореадор започнал да настапува на борбите со биковите во 2008 година, и ги минал сите арени во Шпанија.

Според шпанските медиуми, претходната смрт на тореадор во шпанските арени за корида се случила во 1985 година, кога тогаш само 21-годишниот Хозе Куберо загинал прободен точно во срцето.

Минатата 2015 година уште еден славен шпански тореадор Франциско Ривера „Паквири“ беше тешко ранет по убод од рог во препоните. Интересно е што неговиот татко загинал во слични околности во Андалузија во 1984 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски