Две девојчиња загинаа при експлозија на бомба во Италија

Од:

Во експлозија на бомба пред училиште во Јужна Италија, додека учениците утрово оделе на училиште, загинаа две ученички, а шест се ранети, изјави Фабијано Амати, портпаролот на Брзата Помош.

Експлозијата се случила утрово во 7:45 часот кога учениците влегувале во дворот на гимназијата.

Покрај загинатите девојчиња, уште едно дете се наоѓаат во критична состојба. Надлежните велат дека експлозијата најверојатно настанала од неколку направи кои биле поставени во училишниот двор, додека локалните медиуми пренесуват дека бомбата била оставена во контејнерот за смет кој се наоѓал веднаш до гимназијата.

Засега никој не ја има презедено одговорноста за нападот. Инаку пред неколку дена, од страна на италијанската министерка за внатрешни работи Ана Марија Канчелиери, беше наложено да биде зајакната безбедноста околу повеќе критични места, како и во зградата на Владата, поради многубројните закани упатени кон даночните службеници.

Претходно, неколкупати главната даночна агенција во Италија беше нападната со помали експлозивни напади, како резултат на се поголемото незадоволство од големите даноци поради економската криза.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески