Заедничкиот механизам на ОН и Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) за истражување на хемиските напади во Сирија, официјално ја прекина работата.
Советот на ОН не успеа да се договори за продолжување на мандатот на заедничкиот механизам.
Консултациите зад затворени врати, започнаа веднаш по заседанието на кое Русија наложи вето на резолуцијата за продолжување на мандатот на заедничкот механизам за 30 денови, што беше предложена од страна на Јапонија.