Перуанскиот пратеник Хуан Уркуиса побара забрана на традицијата за печење мачки на скара за време на празникот Светa Ифигениja во градот Ла Куебрада, јужно од Лима.
Активистите за спас на животните предупредија дека на прославата за време на овој викенд веројатно ќе бидат убиени, испечени и изедени стотици домашни мачки. Жителите тврдат дека мачките што се жртвуваат во чест на светецот се специјално одгледувани и оти „само неколку од нив завршуваат на оган“.
Министерката за здравство, Мидори Мусме де Хабиш Роспилјоси изјави дека традицијата треба да биде прекината, но министерството не презело никакви чекори во таа насока.