За Трамп гласале белците и постарите, за Бајден етничките малцинства и помладите

Од:

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп освои мнозинство од поддршката на белците и луѓето постари од 65 години на претседателските избори во САД, додека неговиот демократски противкандидат Џо Бајден победи убедливо меѓу жените, Афроамериканците, Хиспанците и Азијците и меѓу младите на возраст од 18 до 29 години, покажуваат анализите на изборните резултати.

Американскиот истражувач на јавното мислење Џон Зогби изјави дека Трамп добил 80 проценти од гласовите меѓу гласачите кои како најважно прашање го издвоиле економското закрепнување, а не управувањето со коронавирусот, а Бајден ги добил гласовите на оние кои ја потенцираат расната нееднаквост.

– Трамп победи и меѓу гласачите кои рекоа дека американскиот претседател треба да биде силен лидер и меѓу оние кои го издвојуваат зачувувањето на законот и редот како најважно прашање, рече Зогби во рамки на онлајн програмата на Центарот за странски медиуми при Стејт департментот.

Добриот резултат на Бајден најмногу се должеше на гласачите за кои расната еднаквост е најважна тема, кои се 20 отсто од оние кои излегоа на гласање.

– Вкупно 91 процент од таквите гласачи гласале за Бајден, а осум проценти за Трамп, изјави основачот на консултантската компанија Зогби стратеџис.

Бајден исто така доби убедлива поддршка меѓу гласачите кои сметаат дека новиот претседател мора да се справи со коронавирусот пред да се посвети на обнова на економијата.

Бајден доби 49 проценти кај мажите, а Трамп 47 проценти. Кај жените, Бајден доби 57 проценти, а Трамп 42 проценти од гласовите.

– Во двете категории, Бајден постигна значително подобар резултат од демократската кандидатка Хилари Клинтон на претходните избори, пред четири години, изјави Зогби.

Трамп доби 55 проценти од поддршката на белите гласачи, а Бајден 43 проценти.

Важен резултат за Бајден е и убедливата победа кај младите на возраст од 18 до 29 години. Според Зогби, Бајден го постигна речиси истиот резултат во таа категорија како поранешниот американски претседател Барак Обама, во чија администрација беше потпретседател на САД.

Како што се очекуваше, Трамп победи меѓу гласачите постари од 65 години, но со многу помала разлика отколку пред четири години. Трамп беше поддржан од 51 процент од лицата над 65 години, а Бајден од 48 проценти, додека на изборите во 2016 година, кандидатот на Републиканците имаше 10 проценти повеќе гласови од Хилари Клинтон во таа категорија.

Според американските медиуми, Бајден досега победил во 22 од 50 сојузни држави и Дистриктот Колумбија и „освоил“ 264 гласови, а Трамп победил во 23 сојузни држави и „собра“ 214 изборни гласови.

Бидејќи на кандидатот му е потребна поддршка од 270 од 538 гласови за да победи, Бајден треба да освои само една од преостанатите пет држави за да влезе во Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Трамп: Војната меѓу Русија и Украина мора да престане

А1он

Трамп го назначи конгресменот Мајк Волц за советник за национална безбедност

А1он

И Вучиќ се слушна со Трамп: Одличен разговор, најголема поддршка имаше од Србија

Предраг Петровиќ

Трамп Јуниор му се потсмева на Зеленски: „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“

Предраг Петровиќ

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави

Предраг Петровиќ

По победата на Трамп, многу очајни Американци истражуваат како да се преселат во странство

Предраг Петровиќ