За Русија суспензијата од Советот за човекови права на ОН има политички мотиви

Од:

Москва жали што е суспендирана од Советот за човекови права на ОН, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Жалиме поради тоа, ќе продолжиме да ги браниме нашите интереси со сите можни правни средства и да ги изразуваме нашите ставови“, изјави портпаролот на Кремљ.

Русија денеска објави дека гласањето на земјите-членки за суспендирање од Советот за човекови права на ОН е „незаконско и политички мотивирано“.

Генералното собрание на ОН гласаше за суспендирање на Русија од Советот за човекови права на ОН, со 93 гласа „за“ и 24 „против“, а 58 земји беа воздржани.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија