За разлика до другите европски држави, крајната десница во Шпанија засега нема успех

Од:

– Повеќе сакам да му помагаат на моето семејство отколку на странците, иако не е убаво така да се зборува, признава Вероника Талаја, која е дел од Шпанците кои се помогнати од Шпанија 2000, една од малите крајнодесничарски партии која заради кризата во Шпанија останува на маргините.

Вероника Талаја има 27 години и има три деца. Таа дошла да си земе количка за нејзиното двегодишно бебе. На почетокот на секој месец, таа доаѓа во централата на партијата Шпанија 2000 во Валенсија, за да земе прехрамбени производи. Во истата улица се наоѓа и асоцијацијата Патриотски социјален дом Марија Луиза Наваро. Таа невладина организација на крајот на март доби тужба од локалните власти против неа заради дискриминација, затоа што раздавала прехрамбени производи во сиромашен кварт во градот но само на шпанци, кои морале да покажат документ за државјанство.

– За нас националниот приоритет е јасен, рече Асусена Пелаио Санс, срдечна 48-годишна блондинка која е претседател на асоцијацијата која им помогнала на 154 семејства. „Во изминативе две години, ситуацијата секој ден се влошува“, дополнува таа.

– Имаме многу јасна мисија. Со шест милиони невработени, ние не можеме да имаме повеќе од шест милиони емигранти, од своја страна вели Хозе Луис Роберто, претседателот на Шпанија 2000, кој дошол да руча заедно со своите активисти.
Но овие приказни за разлика од другите европски држави немаат многу успех во Шпанија, заради 26-процентната невработеност во земјата. Ниту Шпанија 2000, ниту пак и други крајнодесничарски групи не претендираат за место во Европскиот парламент на претстојните избори во мај.

Од Шпанија 2000 велат дека имаат врски со францускиот Национален фронт. Партијата има само 4.000 членови, и има петмина општински советници. Една друга група со седиште во Каталонија – Платформа за Каталонија – има само шестмина општински советници.

– Шпанија е добар пример доколку се претставува примерно за други држави кои беа предмет на Програмата за финансиска помош (Ирска, Португалија) дека економската криза не изродува сама по себе појава на крајната десница, посочува историчарот Хавиер Казалс, специјалист за екстремистички движења.

– Зошто? Затоа што населението на Шпанија до пред десет години во пракса сеуште беше население на емигранти, посочува експертот.

-Но и во 90-ите години од дваесетиот век, и во првата деценија на 21-иот век, емигрантите беа гледани во позитивна светлина кои го помагаат економскиот развој на земјата, дополнува социологот Фермин Буса.

Тогаш привлечени од економскиот подем за земјата, доста странци ја напуштија Шпанија на почетокот на кризата. Во текот на 2013 година, бројот на странци според официјалните податоци, паднал на пет милиони, или на близу 11 проценти од населението.

Социологот Буса потсетува дека крајната десница во Шпанија се појавила по граѓанската војна и од франкизмот (1939-1975). Освен тоа, десната Народна партија, која денес е на власт, успеа да ја задржи крајната десница под контрола, дополнува експертот и посочува дека една четвртна или една третина од електоратот на Народната партија, тоест околу 3 милиони граѓани, имаат крајнодесничарски убедувања.

Дел од приврзаниците на Народната партија се воздржуваат да прифатат ксенофобични предрасуди, кои се противречни со тамошната политичка култура, која е одбележана со католицизмот, со бранењето на вредностите за еднаквост, како и од „шпанската природа“, која ги обединува шпанскојазичните народи, а во Шпанија секој петти странец доаѓа од Латинска Америка, посочува Хавиер Казалс.
Надвор од Народната партија, ситуацијата со крајната десница во Шпанија се карактеризира со длабока расцепканост, дополнува експертот.

-Помеѓу лидерите има борба за власт, посочува Карлос Ромеро, 52-годишен фалангист и лидер на Шпанија 2000, кој седи на иста маса со поранешен франкист, поранешен синдикалист, и со страстен католик кој организира велигденски процесии.
Но претседателот на Шпанија 2000, кој е поранешен војник, е уверен дека настапува часот за создавање на фронтот на идентитет, кој други го нарекуваат и антиемигрантски фронт. Лидерот на партијата е адвокат по образование и сопственик на фирма за обезбедување. Тој потцртува дека во Шпанија расте чувството за неправедност, со оглед на се подолгите редици за социјална помош.
-Асоцијациите им даваат приоритет на емигрантите затоа што тие велат дека ние си имаме семејства кои можат да ни помогнат, објаснува Вероника.

-При еднакви услови и при таква невработица, ако човек треба да избира помеѓу Шпанец и семејство на емигранти, тој треба да му даде приоритет на националното, тврди 53-годишниот Хуан Антонио Серано, кој се претставува како разочаран синдикалец и денес е активист во Шпанија 2000.

Хавиер Казалс впрочем не исклучува дека ксенофобичните приказни на крајот ќе донесат надвладеат, затоа што ситуацијата во Шпанија е многу несигурна.

извор: Франс прес

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски