За прв пат во историјата на Јордан Парламентот избра премиер

Од:

Кралот на Јордан Абдула Втори му даде задача на привремениот премиер на земјата да формира постојана влада на барање на новоизбраниот Парламент, соопшти кралската палата.

Абдула Енсур, поранешен либерален пратеник, познат по критиките против владата, стана првиот премиер во историјата на Јордан, избран од Парламентот. Тој ја зазеде премиерската функција во октомври минатата година.

Традиционално кралот го избира премиерот на земјата, но тој се откажа од тоа право согласно реформите, кои произлегоа од Арапската пролет.

Мохамед ал Хаџ, лидер на Исламистичката центристичка партија, која освои најмноги мандати – 16 во Парламанетот на изборите на 23 јануари изјави вчера дека најмалку 80 од 150 пратеници гласале за Енсур.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вооружен маж е убиен, тројца полицајци повредени при пукање кај израелската амбасада во Јордан

А1он

Групата Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападот на американската база

Трамп: Да бев јас претседател ќе беше мир во целиот свет

(ВИДЕО) Тројца Американци се мртви, 30 повредени во напад на база во Јордан: Ќе одговориме порача Бајден

Нападната американската војска: Најмалку 3 војници загинаа, 25 се ранети

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт