За прв пат по 20 години редок вид кит забележан кај Сиднеј

Од:

Син кит долг 15 метри, припадник на редок вид, по 20 години беше забележан како плива, во близина на пристаништето во Сиднеј. Овој вид на китови беше под закана за исчезнување, пред да се воведе забраната за ловење пред 16 години. Китот бил забележан прво од група на туристи, а веднаш потоа и од морски експерти, кои раскажале дека се движел во кругови, додека најверојатно се хранел на површината на морската вода. 

Иако туристи редовно испловуваат од пристаништето во Сиднеј, на тура за гледање на китови, ретко кој ја има среќата да види син кит.  Геоф Рос, експерт за китови од Поморскиот Институт во Сиднеј, изјавил: „Синиот кит е најголемо познато животно кое некогаш живеело на планетата, што ја прави оваа глетка апсолутно неверојатна“.

Дека се работи за посбен момент сведочи и фактот дека последен пат син кит близу Сиднеј бил виден пред 20 години. Сините китови беа доведени пред истребување, поради што беше воведена забрана за нивно ловење пред 16 години. Сега се проценува дека бројката на овие животни изнесува приближно 5 илјади.

 

Би можело да ве интересира

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

Орце Костов

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

Орце Костов

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он

Во Косово спречен шверц на овци и телиња од Македонија