Претседателот на Перу, Педро Пабло Кучински во синоќешното обраќање до нацијата изјави дека процесот за импичмент против него е атентат врз Уставот и демократијата.
Процесот за импичмент треба да започне денеска во Конгресот на Перу.
– Ние се соочивме со обид за државен удар, камуфлиран со божем законски толкувања на законите. Меѓутоа намерите на нашите опозиционери станаа очигледни поради нивните избрзани и илегални активности. Тие сакаат да направат власта да и припаѓа само на една група која ќе управува со земјата во согласност со нивните каприци, рече перуанскиот претседател.