За два дена, 650 илегални мигранти пристигнаа во Шпанија од Северна Африка

Од:

Вкупно 650 илегални мигранти во изминатите два дена пристигнаа со 18 бродови од брегот на Северна Африка до брегот на Канарските Острови во југозападниот дел на Шпанија.

Во соопштение на автономната управа на Канарските Острови се наведува дека 18 бродови со илегални мигранти пристигнале во регионот во изминатите два дена.

Властите соопштија дека еден човек меѓу 650 илегални мигранти загинал за време на патувањето.

Мигрантите, меѓу кои има жени и деца, се префлени во привремени засолништа по извршените медицински прегледи.

Се наведува дека поради поволните временски услови, бројот на илегални мигранти кои пристигнале на Канарските Острови од северноафриканскиот брег во септември надмина 1.500.

Илегалната миграција од Северна Африка во Шпанија се зголеми за повеќе од 150 проценти во 2020 година во споредба со 2019 година, а тој пораст продолжи и во 2021 година.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја