Воздухопловните власти на Индонезија денеска соопштија дека најмалку до понеделник, поради ерупација на вулканот Ринџани ќе биде затворен меѓународниот аеродром во Ломбок, вториот, по Бали, туристички центар во Индонезија.
Илјадници туристи на островот Ломбок, кој има над 200.000 хотелски соби, ќе останат блокирани, бидејки вулканот исфрла пепел и чад кои го оневозможуваат авионскиот сообраќај.
Претходно, во неделата што измина, меѓународни аеродроми, поради силни вулкански ерупции, беа затворени во туристичкиот центар Бали и островот Западна Нуса-тангара.
Вулканот Маунт Ринџани е еден од 130 активни во индонезискиот архипелаг, кој се наоѓа на едно од најтрустните подрачја во светот, бидејки е лоциран на таканаречениот „Огнен прстен на Пацификот’’. Овој прстен од западниот амрикански брег на Тихиот океан, преку Јапонија, завршува во Индонезија и е причина за голем број посерозни земјотреси.