Вулканската ерупција може да го уништи градот Гриндавик во близина на Рејкјавик

Од:

Експертите изразија стравување дека вулканска ерупција, која се очекува наскоро, може да го уништи градот Гриндавик во близина на Рејкјавик.

Околу 4.000 луѓе живеат во Гриндавик, кој е во близина на главниот град на Исланд, би можел да биде тешко оштетен од вулканската ерупција, која се очекува за неколку часа или денови, пишува Гардијан.

Жителите на Гриндавик беа евакуирани во саботата, откако движењето на магмата под Земјината кора предизвика стотици земјотреси за кои се верува дека и претходат на ерупцијата.

„Навистина сме загрижени за сите куќи и инфраструктура во областа“, рече Видир Рејнисон, шеф на цивилната заштита и управување со вонредни состојби на Исланд.

Градот Гриндавик, на околу 40 километри југозападно од Рејкјавик, се наоѓа во близина на слатководниот резервоар и геотермалната централа Свартсенги, која е главен снабдувач на електрична енергија за 30.000 жители на полуостровот Рејкјанес.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

Лавата по ерупцијата на вулкан на Исланд стигна до источната одбрана на Гриндавик

Горан Наумовски

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски

Евакуирана Сината Лагуна, се очекува ерупција на вулкан на Исланд

А1он

Силен земјотрес го погоди најголемиот активен вулкан на светот

А1он