ВИДЕО: Вулканот на Канарските острови петти ден исфрла лава, отровна пепел ја прекри околината

Од:

Вулканот Камбре Виеја, на островот Ла Палма, еден од Канарските острови, утринава повторно еруптира исфрлајќи лава во воздухот по силните експлозии, а отровна пепел ја прекрива околината.

Петти ден по ред, лавата што се истураше по падините на вулканот проголтува куќи, училишта и насади со банани, иако сега побавно отколку во претходните денови.

Се што почна во неделата како нешто извонредно, нешто убаво за гледање, следниот ден се претвори во трагедија, рече Ненси, сопственичка на продавница за накит во тоа место. “Имам многу пријатели таму, семејства кои загубија се. Нашите срца се скршени”.

Потоците од лава од неделата полека се движат кон запад, палејќи сe на патот, вклучувајќи куќи, училишта и насади со банани, кои се најголемиот извозен производ на островот.

Лавата уништи речиси 200 куќи и принуди илјадници луѓе на бегство.

Порталот за недвижности „Идеалиста“ процени дека вулканот досега уништил недвижен имот во вредност од околу 87 милиони евра.

Шпанските банкарски здруженија им понудија на луѓето кои ги загубија своите домови празен недвижен имот во сопственост на банки.

Локалните власти ги предупредија луѓето внимателно да го мијат зеленчукот и облеката за да избегнат вдишување од отровната пепел.

Облакот од сулфур диоксид се очекува во следните неколку часа да се движи кон исток над остатокот од Канарските Острови, Пиринејскиот Полуостров и Медитеранот.

Би можело да ве интересира

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија