Втор круг од претседателските избори во Австрија

Од:

Австријците денеска ќе гласаат на вториот круг од претседателските избори. Во првиот круг кандидатот на антиисламиската и евроскептичната Слободарска партија, Норберт Хофер освои 35 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат Александер ван дер Белен, независен кандидат со поддршка на Зелените, освои 21 проценти.

Двајцата лесно ги победија кандидатите на Социјалдемократската и на Народната партија, кои доминираат на австриската политичка сцена по Втората светска војна.

Тоа предизвика потрес меѓу владејачките социјалдемократи, па канцеларот Вернер Фајман беше принуден да поднесе оставка, а го наследи Кристијан Керн.

Претседателот на Австрија има церемонијална улога, но теоретски може да ја распушти Владата и да предизвика политичка криза во земјата. Тој исто така е врховен командант на австриските Вооружени сили. 

– Австрија е еден чекор од тоа да стане прва земја членка на Европска унија во која претседател ќе биде припадник на екстремната десница, што е последица на се поголемото незадоволство од политичкиот естаблишмент и мигрантската криза, објави претходно весникот „Њујорк тајмс“.

Би можело да ве интересира

Малолетничка од Црна Гора сакала да изврши напад во Грац

Горан Наумовски

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски