Врисоци на среќа и неверување: Неколку луѓе спасени повеќе од една недела по страшните земјотреси

Од:

Фотографии за паметење доаѓаат денес од Турција. Иако шансите да се најде некој жив значително се намалуваат од час во час, неколку луѓе се спасени повеќе од една недела по страшниот земјотрес.

Во јужниот турски град Адијаман е спасено малото девојче Мирај. Таа била пронајдена жива во урнатините на зградата и 178 часа по земјотресот. Си-Ен-Ен Турк објави дека девојчето има шест години и дека спасувачите се блиску до извлекување на нејзината постара сестра од урнатините.

Трогателни фотографии од син кој слави откако спасувачите ја извлекоа жива неговата мајка од урнатините повеќе од една недела

Можеби најтрогателните фотографии доаѓаат од Хатај, провинцијата каде што спасувачите извлекоа жива жена од урнатините на станбена зграда. Нејзиното име е Серап Донмез, а особено впечатливи се фотографиите на кои нејзиниот син го слави пронаоѓањето на мајка си.

Уште една жена, 70-годишната Нурај Гурбуз, денеска е пронајдена жива во Хатај, 178 часа по земјотресот.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски