Врховниот суд на Шведска го продолжи притворот за основачот на Викиликс Џулијан Асанж

Од:

Врховниот суд на Шведска ја отфрли жалбата од основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, да се поништи решението за негов притвор под обвинение дека извршил сексуален напад, соопшти судот.

Во соопштението на судот се наведува дека одлуката на обвинителот Асанж да се испита во Лондон влијаела на одлуката на судот за продолжување на притворот, пренесува Фена.

Кон средината на април Асанж се согласи да биде испрашан во амбасадата на Еквадор во Лондон во врска со обвинувањето за сексуален напад.

Во еквадорската амбасада во лондон Асанж престојува од јуни 2012 година за да ја избегне екстрадицијата во Шведска заради обвинението за напад на две жени во 2010 година, што тој го негира.

Шведските обвинители во март наведоа дека сакаат Асанж да го сослушаат во Лондон и се откажаа од претходното барање тоа да се направи во Шведска.

Еден од адвокатите на Асанж, Томас Олсон, тогаш за британските медиуми изјави дека тие очекуваат да бидат контактирани од обвинителите за да се разработат деталите.

Асанж стравува дека, доколку Велика Британија го предаде на Шведска, тогаш ќе дојде до екстрадиција во САД каде може да му биде судено за оддавање доверливи информации, бидејќи пред пет години објави американски воени и дипломатски документи, потсетуваат британските медиуми. 

Би можело да ве интересира

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“