Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека го разгледува барањето на Австралија, САД да се откажат од гонењето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој објави серија доверливи американски документи.

Австралискиот премиер Ентони Албанез денеска ја поддржа мерката на Долниот дом на парламентот, со која се бара враќање на 52-годишниот Асанж во Австралија. Вашингтон сака да го екстрадира Асанж од Велика Британија во САД.

„Го разгледуваме тоа“, му одговори американскиот претседател на новинарот кој се прашуваше дали има одговор на барањето на Австралија да го прекине гонењето на нејзиниот државјанин.

„Направете ја вистинската работа, отфрлете ги обвиненијата“, напиша сопругата на Асанж подоцна на платформата X.

Американските обвинители бараат судење против 52-годишниот Асанж поради објавувањето на бројни американски воени досиеја и дипломатски телеграми од страна на Викиликс.

Вашингтон тврди дека Австралиецот со тоа ги загрозил животите на американските агенти и дека нема оправдување за неговите криминални дела. Неговите поддржувачи, од друга страна, го слават како херој кој беше гонет за откривање американски злосторства.

Би можело да ве интересира

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори

Адвокатите на Асанж: Политички мотивиран случај, имаме докази за заговор на ЦИА

Сопругата на Џулијан Асанж за можна екстрадиција во САД: Се работи за живот и смрт