Сопругата на Џулијан Асанж за можна екстрадиција во САД: Се работи за живот и смрт

Од:

За основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, претстојното рочиште пред Високиот суд во Лондон во врска со неговата жалба против пресудата за екстрадиција на САД е прашање на живот и смрт, изјави денеска сопругата на Асанж, Стела.

„Неговото здравје се влошува, и психички и физички. Неговиот живот е во опасност секој ден што го поминува во затвор. Ако биде екстрадиран, ќе умре“, изјави Стела Асанж на прес-конференција, пренесува Ројтерс.

Таа додаде дека ќе поднесе барање до Европскиот суд за човекови права да ја блокира екстрадицијата доколку одлуката на Високиот суд во Лондон не биде поништена на сослушувањето следната недела.

Би можело да ве интересира

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори

Адвокатите на Асанж: Политички мотивиран случај, имаме докази за заговор на ЦИА