Врховниот суд на САД ја отфрли тужбата од Тексас во врска со изборите

Од:

Врховниот суд на САД ја отфрли тужбата поднесена од Тексас и поддржана од претседателот Доналд Трамп со која се бара поништување на изборните резултати во четири држави.

Со тужбата, поднесена до Врховниот суд, се бара на Џорџија, Мичиген, Пенсилванија и Висконсин да им се забрани да даваат изборни гласови на демократскиот противкандидат на Трамп, Џо Бајден.

Судот во кратка непотпишана наредба соопшти дека Тексас не покажал „правно препознатлив интерес за начинот на кој друга држава ги спроведува своите избори“.

Тужбата, поднесена од Тексас, ги оспорува изборните процедури во четири клучни држави – Џорџија, Мичиген, Пенсилванија и Висконсин.

Во тужбата се бара судот да им забрани на тие држави да гласаат за Бајден и да го пренесе изборот на гласачи во законодавните тела на тие држави.

Со тоа би се барало од судиите да одбијат милиони гласови, пишува „Њујорк тајмс“.

Би можело да ве интересира

Де Сантис ја објави својата кандидатура, ривал му е Трамп за иден претседателски кандидат

Горан Наумовски

Драма во САД: Ситуацијата тесна во Сенатот, изедначени демократите и републиканците

А1он

Зеленски им порача на Американците пред изборите: Чувајте го непоколебливо единство

А1он

Отворени првите гласачки места на конгресните избори во САД

А1он

Во Џорџија отворена истрага за телефонски притисок од Трамп за пресврт во изборниот резултат

Ана Ололовска

Мајкрософт ги замрзнува спонзорствата за политичари кои ги оспоруваа резултатите од изборите во САД

Ана Ололовска