Зеленски им порача на Американците пред изборите: Чувајте го непоколебливо единство

Од:

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ги повика Американците да зачуваат непоколебливо единство до враќањето на мирот во Украина, а оваа порака ја испрати денес, на денот на американските т.н. меѓуизбори, чии резултати можат да влијаат на позицијата на Вашингтон кон Киев.

„Ве молам да го зачувате непоколебливо единство, како што правите сега до денот кога ќе ги слушнеме тие големи зборови за кои сонуваме, дека мирот конечно е вратен“, рече тој во видео повик од Киев.

Зеленски им се заблагодари на „претседателот Џо Бајден, двете партии во Конгресот и секој американски граѓанин“ за големата финансиска, воена и дипломатска поддршка што и’ ја дадоа на Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

Вашингтон всушност е главниот сојузник на Киев веќе осум месеци, помагајќи му со строго санкционирање на Москва и голем дел од руската економија и снабдување на украинската армија со оружје и воена опрема, како и разузнавачки податоци клучни за операциите на фронтот.

Кон средината на мај, американскиот Конгрес деблокираше 40 милијарди долари за помош за Украина.

„Слободата е главниот збор за нас и таа навистина ги обединува сите Украинци“, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Вториот мировен самит треба да стави крај на војната

Трамп рече дека „најверојатно“ ќе се сретне со Зеленски

Русите стигнаа на 8 километри од Покровск

Предраг Петровиќ

Зеленски: Имам план за победа, ќе ја принудам Русија да ја прекине војната

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани

Зеленски: Ни требаат пари, конфликтот мора да заврши оваа есен