Врховниот суд на САД ја отфрли тужбата на републиканците за Пенсилванија

Од:

Врховниот суд на САД синоќа ја отфрли последната тужба на републиканците во врска со законитоста на изборниот процес во Пенсилванија, пренесуваат американските медиуми.

Судот без коментар одби да го доведе во прашање изборниот процес во Пенсилванија.

Републиканците ги повикаа судиите да интервенираат откако Врховниот суд го отфрли нивниот случај. Тие тврдат дека гласањето по електронска пошта во Пенсилванија било незаконско и дека се потребни уставни измени за да се спроведе во рамки на правото.

Гувернерот на Пенсилванија, Том Волф, веќе ја призна победата на Бајден, а 20-те државни електори треба да се состанат на 14 декември за да го дадат својот глас за Бајден.

Бајден освои 306 електорски гласови, така што тој би имал повеќе од потребниот минимум од 270, дури и доколку резултатите во Пенсилванија се доведоа во прашање.

Бајден победи со повеќе од 80.000 гласови разлика во оваа сојузна држава, каде Трамп го освои мнозинството гласови во 2016 година.

Би можело да ве интересира

Де Сантис ја објави својата кандидатура, ривал му е Трамп за иден претседателски кандидат

Горан Наумовски

Драма во САД: Ситуацијата тесна во Сенатот, изедначени демократите и републиканците

А1он

Зеленски им порача на Американците пред изборите: Чувајте го непоколебливо единство

А1он

Отворени првите гласачки места на конгресните избори во САД

А1он

Во Џорџија отворена истрага за телефонски притисок од Трамп за пресврт во изборниот резултат

Ана Ололовска

Мајкрософт ги замрзнува спонзорствата за политичари кои ги оспоруваа резултатите од изборите во САД

Ана Ололовска