Врховниот суд на Русија ги намали пресудите на Ходорковски и Лебедев

Од:

Рускиот Врховен суд ги намали за два месеци 11-годишните пресуди на поранешните шефови на нафтената компанија „Јукос“, Михаил Ходорковски и Платон Лебедев по вториот процес против нив. Со тоа казните им беа намалени на десет години и десет месеци.

Согласно судската одлука поранешниот нафтен магнат Ходорковски ќе излезе од затвор во август 2014 година, а Лебедев во мај идната година.

Врховниот суд одби да ги укине пресудите и да ги ослободи осудените, како што бараа нивните адвокати во мај годинава.

Одбраната на Ходорковски и Лебедев соопшти дека ќе ја обжали одлуката на Врховниот суд.

Би можело да ве интересира

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија