Врховната рада побара од ОН и ЕУ испраќање мировници во Украина

Од:

Украинскиот Парламнет денеска побара од Советот за безбедност на ОН и од ЕУ да испратат мировни сили во Украина.

Како што јави ТАСС, за ваквото барање, чиј иницијатор е украинскиот претседател Петро Порошенко, се изјаснија 341 пратеник во 450-члената Врховна рада.

Во барањето се наведува дека мировниците треба да бидат распоредени долж линијата на разграничување меѓу украинските сили и проруските сепаратисти, како и на деловите од границата меѓу Украина и Русија, кои не се под контрола на властите во Киев.

На денешната седница Врховната рада усвои и одлука со која реоните во Доњецк и Луганск што се под контрола на проруските сепаратисте, се прогласуваат за „времено окупирани територии“. За ваквата одлука гласаа 280 пратеници.

Во одлуката се наведува дека таа ќе биде во сила се „до моментот на повлекување на сите незаконски вооружени формации, воена опрема, борци и платеници од територијата на Украина и до целсоно враќање на конторлата врз државната граница“.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17