Вработените во Амазон во Германија и Италија ќе штрајкуваат на „Црн петок“

Од:

Утре низ светот се прославува популарниот „Црн петок“, ден на огромни попусти. На тој ден се прават огромен број нарачки, па вработените во Амазон во Германија и Италија решија да го искористат тоа и повикаа на штрајк за да го привлечат вниманието на своите услови за работа.

– Тоа за нас е најдобриот ден да извршиме притисок врз работодавачите, кои со години не игнорираат, а проблемите на вработените, посебно здравствените, се чести во Германија, но и во целиот свет, изјави портпаролот на главниот германски синдикат во услужни дејности Томас Фос.

Во Германија ќе се штрајкувало на шест локации на Амазон, но тоа нема да доведе до целосна парализа на нарачките.

Синдикатот бара примена на првиот колективен договор, фокусиран на здравјето на работниците. Во синдикатот членуваат околу 35 отсто од вработените во Амазон Германија.

– Амазон си игра со здравјето на своите работници. Ги притиска да работат повеќе за помалку време, а оценките за учинок и надзор се постојани, додека времето за опоравување е недоволно, наведува синдикатот.

Во Италија вработените во дистрибутивниот центар штрајкуваа и денес, а менаџментот уверува дека ќе останат фокусирани да ги извршат испораките на клиентите.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа војници на прагот на Русија за прв пат по Втората светска војна

Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер повлече за коса новинарка

Предраг Петровиќ

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција