Вработените во Амазон во Њујорк гласаа „за“ формирање на првиот американски синдикат во гигантот за онлајн трговија, покажаа резултатите објавени денеска.
Тоа според американските медиуми е пресвртница за компанијата која цврсто се спротивставува на организирана работна сила меѓу нејзините вработени.
Вкупно 2.654 вработени во складиштето ЏФК8 на Стејтен Ајленд гласаа „за“, а 2.131 „против“ поддршка на синдикалната акција, покажа пребројувањето на гласачките ливчиња од Националниот одбор за работни односи.
Во Амазон се вработени околу 1,1 милион луѓе во САД.
Извор: МИА