Кинеска акробатка загина откако падна за време на настап во градот Сужоу во саботата.
Виралната снимка го покажува моментот кога 37-годишната Сун Муму падна на бината. Падот се случил откако нејзиниот сопруг не успеал да ја фати со нозете.
Локалните медиуми тврдат дека таа паднала од висина од околу 10 метри. После тоа итно била пренесена во болница, но лекарите не успеале да и го спасат животот.
„Секогаш бевме среќни заедно. Со оглед на тоа што сум на средина на справување со сето ова, во овој момент не можам да откријам никакви конкретни детали“, изјави сопругот на акробатката.