Восочните фигури на Хари и Меган отстранети од музејот „Мадам Тисо“

Од:

Лондонскиот музеј „Мадам Тисо“ објави дека ги отстранил восочните фигури на принцот Хари и Меган Меркл од делот каде што стојат фигурите на членовите на кралското семејство.

Оваа одлука следува по објавата што во вторникот ја шокираше јавноста, дека Меган и Хари  преземаат нов чекор како високи членови на кралското семејство и бараат финансиска независност.

„Исто како и остатокот од светот, и ние реагираме на изненадувачката вест дека војводата и војвотката ќе се повлечат“, се вели во соопштението на Стив Дејвис, генерален директор на „Мадам Тисо“ во Лондон.

Во музејот се изложени повеќе од 250 восочни фигури на познати личности од светот, а управата соопшти дека Хари и Меган ќе бидат сместени во посебен дел и нема да бидат заедно со кралицата Елизабета, принцевите Филип и Чарлс и наследникот на тронот Вилијам и неговата сопруга Кејт, јави Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Кралското семејство конечно објави фотографија од принцезата Кејт по операцијата

Уште една љубовница на Чарлс трети почина набргу по принцезата Дијана, заврши трагично

А1он

Паника кај персоналот во кралското семејство: Фрчат откази поради доаѓањето на кралот Чарлс

А1он

Раздор во Балморал: Принцот Хари не вечерал со татко му и брат му, не му било дозволено

А1он

Писма на Чарлс Трети предизвикаа загриженост: „Се меша“ околу влијанието врз министрите на британската влада

А1он

Вилијам и Кејт преку ноќ станаа милијардери: Добија делови од национален парк, терен за крикет и затвор

А1он