Вооружено лице забарикадирано во хотел во Франција, хотелот евакуиран

Од:

Вооружен маж, војник кој не сакал да се приклучи на неговиот баталјон е забарикадиран во неговата хотелска соба. Се водат преговори за негово предавање, а силите на редот го евакуираа хотелот, јави дописникот на МИА од Париз.

„Вооружен маж е заробен сам од утрово во хотелска соба во Монсо-ле-Мајнс (Сона-ет-Лоара), соопшти префектурата, додавајќи дека се водат преговори со него.

Како што е наведено во соопштението, „лицето се заклучило во својата соба во хотелот „Ибис“ во Монсо-ле-Мајнс од 11 часот.

„Како мерка на претпазливост, хотелот е евакуиран од сите негови клиенти и персонал“, се додава во соопштението. Според извор запознаен со случајот, вооружениот маж е војник кој не сакал да се приклучи на неговиот баталјон.

„Полицијата и жандармеријата го затворија пристапот до околината“, велат од префектурата, од каде додаваат дека се водат преговори за извлекување на човекот од хотелот. Мобилизирана е и интервентната единица на националната полиција, покрај Бригадите за борба против криминалот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер