Неидентификувани сторители ноќеска извршиле вооружен напад врз министерот за внатрешни работи на Јужна Осетија, Игор Наниев, изјави неговиот заменик Тарзан Кокоит, јави Тасс.
-Министерот не беше повреден во нападот, изведен од напуштената куќа. Испукани се три куршуми, од кои еден ја погоди вратата од страната на возачот, рече заменик Кокоит.