Сепаратистите во Јужна Осетија чекаат сигнал од Москва за референдум за припојување кој Русија

Од:

Новиот лидер на отцепениот грузиски регион Јужна Осетија денеска информираше оти треба да се почека сигнал од Москва, пред референдум за придружување на Русија.

Москва ги призна независноста на Јужна Осетија и на крајбрежните региони на Абхазија, по кратката војна со Грузија во 2008 година, им обезбеди дарежлива финансиска помош, на жителите им понуди руско државјанство и ги распореди своите војници.

Алан Глагоев, кој го победи претседателот на заминување, Анатолиј Бибилов, на изборите одржани за викендот, за ТАСС изјави дека Русија треба да даде зелено светло за да има референдум за придружување.

– Ова не едностран процес. Мораме да го разбериме нашиот стратешки партнер (Русија). Штом добиеме сигнал, штом биде јасно дека дошол часот, ние сигурно ќе имаме референдум, тврди Глагоев.

Односот на Москва кон Јужна Осетија и Абхазија постави преседан за најновите настани во Украина. Претседателот Владимир Путин на 21 февруари ги призна украинските Донецк и Луганск како независни и три дена подоцна, изврши инвазија, под изговор за заштита на руските жители од „геноцид“, како што тврди, што го спроведуваат украинските сили.

Грузија соопшти дека планови за било какви референдуми, се неприфатливи. Потези на Јужна Осетија во насока на придружување на Русија, сигурно би предизвикале силна осуда од Западот, коментираат медиуми.

Би можело да ве интересира

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он