Јужна Осетија на 17 април ќе спроведе референдум за присоединување кон Русија

Од:

Отцепениот грузиски регион Јужна Осетија на 17 јули ќе одржи референдум за припојување кон Русија.

dobivaj vesti na viber

„Анатолиј Бибилов (лидерот на отцепениот регион) потпиша указ за одржување референдум во Република Јужна Осетија“, се вели во соопштението на прес-службата на Бибилов. Во соопштението се наведуваат „историските аспирации“ на неговиот народ да се приклучат кон Русија.

Приклучување кон Русија побараа и сепаратистичките региони на Украина, Доњецк и Луганск.

Грузија ја осуди руската воена инвазија на Украина. Земјата ги нарече „неприфатливи“ плановите на Јужна Осетија за одржување референдум за приклучување кон Русија.

Москва ги призна независноста на Јужна Осетија и на крајбрежните региони на Абхазија, по кратката војна со Грузија во 2008 година, им обезбеди дарежлива финансиска помош, на жителите им понуди руско државјанство и ги распореди своите војници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Грузија нема да го признае референдумот за соединување на Јужна Осетија со Русија

Сепаратистите во Јужна Осетија чекаат сигнал од Москва за референдум за припојување кој Русија

Вооружен напад врз министерот за внатрешни работи на Јужна Осетија

Ана Ололовска

Јужна Осетија го менува името

Ана Ололовска

Ново ѕвецкање со оружје: Путин припојува територија на уште една држава?

Ана Ололовска

Референдумот во Јужна Осетија може да биде решавачки за руско-грузискиот дијалог

Ана Ололовска