Вонредно обраќање на кралицата Елизабета Втора поради Ковид-19

Од:

Кралицата Елизабета Втора ќе им се обрати вечерва на граѓаните на Велика Британија, кои ќе ги повика одлучно да се спротивстават на кризата предизвикана од новиот коронавирус.

– Се надевам дека сите во годините кои следуваат ќе можат да бидат горди на тоа како одговориле на овој предизвик. А оние кои ќе дојдат по нас ќе можат да кажат дека оваа генерација Британци била силна, како и сите претходни, се наведува во пораката на британската кралица.

Багингемската палата соопшти дека станува збор за вонредна телевизиска порака, петта која кралицата Елизабета Втора ја снимила во текот на нејзините 68 години поминати на престолот, исклучувајќи ги новогодишните обраќања.

Во момент кога британскиот премиер Борис Џонсон се наоѓа во самоизолација, а голем број министри се позитивни на Ковид-19, во Багингемската палата тврдат дека обраќањето на кралицата е снимено во дворецот Виндзор под високи мерки на предострожност, каде во просторијата биле присутни само таа и снимателот, кој бил со целосна заштитна опрема.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он