Војската упадна во канцелариите на главната опозициска партија во Уганда

Од:

Лидерот на најголемата опозициска партија во Уганда, Боби Вајн, соопшти дека војската упаднала во седиштето на неговата партија додека членовите ја подготвувале правната постапка за оспорување на победата на претседателот Јовери Мусевени на изборите од саботата.

Вејн, кој и самиот е во домашен притвор, изјави дека лидерите од неговата партиите сега се во бегство.

-Војската изврши рација во нашата партиска канцеларија и ја блокираше, изјави Вајн за британските медиуми.

Портпаролот на уганската полиција изјави дека канцеларијата на „Платформата на националното единство“ (НУП) е блокирана од безбедносни причини, но не даде повеќе детали и не кажа дали војниците навистина влегле во просториите.

Вајн, чие вистинско име е Роберт Јагулањи, подоцна на Твитер напиша дека американската амбасадорка во Уганда била вратена од портата на неговиот дом, откако се обидела да го посети.

Американската Амбасада не даде коментар за планираната посета.

Претседателот Мусевени во саботата го освои својот шести петгодишен мандат, продолжувајќи го своето речиси четиридецениско владеење.

Главниот опозициски предизвикувач, Вајн, ја отфрли победата на Мусевени, оценувајќи делка станува збор за „фалсификувани резултати“, додека неговата партија ја повика владата да го ослободи од домашен притвор, пренесуваат американските медиуми.

Вајн претходно објави дека воените единици не му дозволуваат нему и на неговата сопруга Барби да ја напуштат куќата, па дури ни да собираат храна од нивната градина.

Изборната комисија објави дека Мусевени доби 58 проценти од гласовите, а Вајн 34 проценти, со излезност на гласачите од 52 проценти.

Иако Мусевени останува на власт, најмалку девет негови министри во владата, вклучително и потпретседателот, беа поразени на парламентарните избори, а многумина загубија од кандидатите на партијата на Вајн, јавија локалните медиуми.

Во генерацискиот конфликт низ африканскиот континент со рапидно растечка млада популација и мноштво стари лидери, 38-годишниот пејач и парламентарец Вајн, го постави веројатно најголемиот предизвик за Мусевени (76) од неговото доаѓање на власт во 1986 година.

Вајн, кој себеси се нарекува „претседател на гетото“, има силна поддршка во урбаните области, каде има голема фрустрација заради невработеноста и корупцијата.

Мусевени ги отфрли обвинувањата за местење на изборните резултати.

Би можело да ве интересира

Американка отвори центар за лекување на деца во Уганда, над 100 умреа затоа што не беше медицинско лице

Предраг Петровиќ

Милитантни убија 42 лица во напад на средно училиште во Уганда

Незадоволен телохранител во Уганда го уби министерот кој требало да го штити

Ана Ололовска

Стампедо во трговски центар во Уганда, најмалку 9 лица загинаа

Претседателот на Уганда го назначи Братислав Стоиљковиќ за трговски претставник на земјата за Југоисточна Европа

Персоналот во затворите во Уганда нема да користи мобилни телефони за време на СП во фудбал

Ана Ололовска