Војската на САД распореди дополнителни авиони ловци во Заливот

Од:

Американската војска соопшти дека распоредила 12 Ф-22 стелт авиони ловци во Персискиот залив, во Катар.

Овие авиони се дел од зајакнувањето на военото присуство што го побара Американската централна команда во мај како одговор на зголемените ирански закани за американските сили во тој регион.

Авионите Ф-22 Раптор почнаа да пристигнуваат оваа недела во воздухопловната база Ал-Удеид, која е клучна за американските воздушни операции на Блискиот Исток.

Во таа база има и четири бомбардери Б-52, кои се распоредени таму во мај, заедно со носачот на авиони „Абрахам Линколн“.

На барање на генералот Френк Мекензи, командант на Централната команда, во регионот на Заливот изминатите недели беа упатени и дополнителни одбранбени ракетни системи „Патриот“.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас