Војник побегнал пеш од Северна Кореја во Јужна Кореја

Од:

Севернокорејски војник побегнал во Јужна Кореја, преминувајќи ја пеш границата, соопшти денеска јужнокорејската војска.

Началникот на Генералштабот на Јужна Кореја изјави дека воените власти го испитуваат севернокорејскиот војник, која ја минал воената демаркациска линија во четирикилометарската демилитаризирана зона, која ги раздвојува двете земји.

Не се случува често дезертери од Северна Кореја пеш да ја преминат границата опкружена со минско поле, која ја чуваат десетици илјади војници од двете страни.

Минатиот пат тоа се случи во јуни минатата година. Според податоците на Владата во Сеул, од крајот на Корејската војна, повеќе од 29 илјади Севернокорејци пебегнале во Јужна Кореја.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он