Воени вежби на иранската Револуционерна гарда, симулирање напад врз американска флота

Од:

Иранската Револуционерна гарда лансираше разорувачка балистичка ракета во рамки на воените вежби за симулирање напад врз американска флота во Ормутскиот Проток.

Во составот на американската флота, меѓу останатите пловни објекти, има и еден носач на авиони, објави денеска иранската државна телевизија.

Паралелно е симулиран и напад со дронови врз команден мост на виртуелен носач на авиони, но во извештаите не се наведува кои ракетни системи се користени.

Со овој ракетен маневар Техеран недвосмислено им испрати порака на САД, а иранскиот врховен верски лидер, ајатолах Али Хамнеи во својата изјава во врска со воените вежби побара одмазда за американскиот напад со дрон во јануари, во кој беше убиен иранскиот генерал Касим Сулејмани.

Би можело да ве интересира

Рохани: САД влегоа во економска војна со Иран

Ана Ололовска

Во Иран значителен раст на бројот на заразени со Ковид-19

Ана Ололовска

Руски и ирански трупи во заедничка антитерористичка вежба

Ана Ололовска

Во Иран почна третиот бран од коронавиорусот, Кризниот штаб бара враќање на рестриктивните мерки

Ана Ололовска

Рохани: САД ги очекува пораз поради санкциите кон Иран

Ана Ололовска

Иран повторно се заканува со одмазда за смртта на генерал Сулејмани

Ана Ололовска