Воена вежба на НАТО во Северно Море

Од:

НАТО денеска почна една од најголемите противподморнички вежби во Северно Море, во кои првпат учествува и Шведска, иако не е членка на Северноатлантската алијанса.

Повеќе од десетина бродови од 11 држави учествуваат во вежбата „Динамичен мунгос“, која се одржува кога се зголемени тензиите меѓу Русија и нејзините северни соседи.

НАТО ќе симулира откривање и напад на подморници во Северно Море. Во вежбата учествуваат четири подморници, од кои една шведска, чија задача ќе биде да се приближат и да погодат бродови, симулирајќи напад на површината на бродовите.

Тензиите во балтичките земји пораснаа откако Русија анектира дел од Украина бидејќи стравуваат да не им се случи истото, бидејќи во нив живее големо руско малцинство.

Финска минатата недела откри неидентификувана подморница во близина на нејзиниот брег. Додека Летонија, поранешна советска република и земја-членка на НАТО, минатиот месец откри руска подморница во близина на нејзиниот брег.

Во последните месеци руски авиони повеќе пати се приближили и дури нарушиле нордискиот и балтичкиот воздушен простор предизвикувајќи воздушна одбрана и сојузнички одговор.

– Русија има право да биде на море, како и ние. Но, инцидентите не се во согласност со меѓународните правили и предизвикуваат загриженост. Ова не е одговор на тоа, но го зголемува значењето на вежбата, изјави командантот на вежбата контраадмирал Бред Вилијамсон.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата