Воен брод на британската морнарица ќе се вклучи во борбата против ИД

Од:

Воениот брод на британската морнарица, разурнувачот „Даринг“ ќе се вклучи во борбата на коалиционите сили, предводени од САД, против џихадистите на Исламска држава (ИД), соопшти Министерството за одбрана во Лондон.

Министерот за одбрана Мајкл Фалон, изјави дека во петок, бродот ќе отплови од пристаништето во Плимут за Персискиот Залив.

Овој разурнувач ќе ја презеде улогата на неговиот претходник „Дифендер„ кој минатиот месец се врати во Британија, по девет месеци поминати во мисија во водите на Блискиот и Средниот Исток.

„Даринг„ ќе се користи како подршка на американакиот носач на авиони во Заливот, од каде се извршуваат воздушните напади против позициите на ИД во Сирија и Ирак.

Британскиот брод ќе патролира по водите на Заливот и ќе прибира информации,неопходни за сојузничките сили.

Тој е опремен со најсовремени ракети, за да обезбеди заштита за флотата во чиј состав се наоѓа, како и да се справи со закана на одалеченост и до 120 километри.

Неговиот претходник соработуваше со силите на САД и Франција кои се вклучени во операциите протв ИД.

Во рамките на коалиционите сили, се вклучени и авионите на РАФ (кралското воено воздухопловство) кои учествуваат во бомбардирањето на позициите на џихадистите.

Би можело да ве интересира

Избори во Велика Британија: Граѓаните одлучуваат кој ќе ја формира нова влада

Горан Наумовски

Утре се изборите во Велика Британија, некои конзервативци веќе го признаа поразот

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он