ВИДЕО: Антибрегзит протести во Лондон

Од:

Десетици илјади граѓани денеска излегоа на улиците во Лондон барајќи нов референдум за излегувањето на Велика Британија од Европска Унија.

Протестите се одржуваат додека во Парламентот се води дебата за новиот договор за брегзит, што премиерот Борис Џонсон го постигна со Брисел.

Демонстрантите од центарот на Лондон се упатија кон Парламентот.

Џејмс Макгрори, директорот на кампањата Глас на народот, која ги организираше протестите, истакна дека Владата мора да го смири бесот на проевропејците и да организира нов референдум за членството на земјата во ЕУ.

– Овој нов договор не одговара на тоа што им беше ветено на луѓето, така што единствено исправно е да добијат втора шанса за да се изјаснат, посочи Макгрори.

На референдумов во 2016 година, 17,4 милиони граѓани на Велика Британија односно 52 отсто поддржаа излегување на земјата од ЕУ, додека 16,1 милиони луѓе (48 проценти) беа против.

Од јули 2017 година до денес изработени се 226 анкети, а во 204 испитувања на јавното мислење мнозинството граѓани се изјаснија за останување во ЕУ, а во седум за брегзит.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он