Во завршната трка во Памплона тешко повредени пет лица

Од:

Во завршната трка во Памплона, една 23-годишна Австралијка се здобила со тешки повреди, кога бик со роговите и го пробил градниот кош, а уште четири лица се здобиле со исекотини и модринки.

Претставник на здравствените власти Хавиер Сесма истакна дека девојката е тешко повредена и дека е хоспитализирана заедно со уште четворица учесници на трката, која траела само 2,16 минути на растојание од 928 метри од шталата надвор од средновековните ѕидини на Памплона до централна корида.

За осум дена од траењето на Фестивалот Сан Фермин, 50 лица се повредени, од кои речиси половина вчера се здобија со сериозни повреди.

Осумдневниот фестивал потекнува од доцниот 16 век посветен на „светецот заштитник“, а фестивалот Сан Фермин во Памплона стана познат благодарение на писателот Ернест Хемингвеј со романот „Сонцето повторно се раѓа“ (1926).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски