Во Висконсин од шините излетал товарен воз со сурова нафта, втор инцидент за два дена

Од:

Најмалку 10 товарни вагони, што превезувале сурова нафта, вчера излетале од шините во американската сојузна држава Висконсин, пренесе ТАСС.

Според податоците на компанијата оператор „Канејдиан Пацифик Рејлвеј“ (Canadian Pacific Railway) инцидентот се случил во реон на градот Вотертаун, во југоисточниот дел на државата.

Причините за инцидентот засега не се познати, но хаваријата се случила во дел од железничката пруга каде неодамна бил правен ремонт. Од некои вагони има истечено гориво, но за големината на еколошката хаварија засега не се зборува. На местото на настанот веќе работат полицијата и спасувачките служби.

Во саботата, во западниот дел на Висконсин, од шините излетаа над 30 вагони од друг товарен воз, што превезувал етанол. Во хаваријата што се случи во близина на градот Алма, по течението на Мисисипи,  од возот истекоа над 75 000 литра етанол.

Компанијата Би-Ен-Ес-Еф (BNSF) во неделата етанолот го преместуваше од превртените вагони, што се обидуваше да ги врати назад на шините. Во инцидентот немаше настрадани.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски