Најмалку 17 лица вчера загинаа, а 12 се повредени во верижен судар на автопат во Уганда, соопштија локалните власти.
Пет возила, вклучувајќи два минибуса, учествуваа во сударот, околу 50 километри од престолнината Кампала, соопшти портпаролката на полицијата Поли Намаје.
– До несреќата дојде кога едно приватно возило се обидело да претекне друго на остра кривина, прецизираше Намаје.