Во уривањето на зградата во Бангладеш 348 мртви

Од:

Билансот на загинатите при уривањето на повеќекатница во главниот град на Бангладеш, Дака достигна 348 лица, а спасувачките тимови се уште извлекуваат преживеани од под урнатините.

Поради оваа трагедија, уапсени се двајца менаџери на фабриката каде се шиела евтина облека, двајца инженери и сопругата на сопственикот на осумкатницата.

Министерот за внатрешни работи Шамсул Хак Тукусоопшти дека петмината уапсени се изведени на сослушување, бидејќи последните три ката биле илегално изградени.

Сопственикот на осумкатната зграда, која се урна врз повеќе од 3.000 работници, се уште е во бегство.

Осумкатната зграда, во која се сместени текстилни фабрики и трговски центар во индустриско предградие во Дака, се урна во средата.

Околу две илјади лица се спасени во изминатите два дена, од кои половината се ранети, а околу илјада лице се водат како исчезнати. Во зградата имало претежно жени, кои работеле во некоја од фабриките.

Воениот портпарол Шахинул Ислам изјави дека има 2.429 преживеани, а полицијата наведува дека дури 900 лица се водат за исчезнати.

Зградата Рана Плаза, која се наоѓа во предградие на Дака, била изградена без дозвола и работниците биле пуштени во зградата иако претходниот ден имало предупредување дека објектот не е безбеден.

Гневот поради условите во кои работаат 3,6 милиони шивачи во Бангладеш, од кои поголемиот број жени, предизвика протести и судири со полицијата. Стотици луѓе утрово повторно излегоа на улиците, каде уништуваат и палат автомобили.

Би можело да ве интересира

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници

ВИДЕО: Автобус излета од пат во Бангладеш, 19 мртви

ВИДЕО: Девет мртви во налет на циклонот Ситранг на брегот на Бангладеш

Ана Ололовска