Во Украина, 10 милиони луѓе може да страдаат од ментално растројство

Од:

Претставникот на Светската здравствена организација во Украина, Јарно Хабихт денеска изјави дека 10 милиони луѓе, или околу четвртина од населението на Украина, можеби боледуваат од ментално растројство поврзано со конфликтот во таа земја.

„СЗО проценува дека до 10 милиони луѓе се изложени на ризик од некаква форма на ментално растројство, почнувајќи од анксиозност и стрес до посериозни состојби“, рече Хабихт на брифинг со новинарите во Женева. Потешките состојби вклучуваат посттрауматско стресно нарушување (ПТСН) предизвикано од вознемирувачки настани.

Хабихт рече дека ќе се зголеми бројот на респираторни заболувања со студеното време и недоволното затоплување, како и сообраќајните несреќи предизвикани од неосветлените улици поради прекини на струја.

„Здравствениот систем работи. Но, бидејќи поминаа 10 месеци, тоа е огромен стрес тест. Постојано гледаме нови предизвици“, изјави тој.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков