Во училишна тетратка направил листа кого да убие

Од:

Дванаесетгодишно момче од Глен Коува во американската сојузна држава Њујорк, е фатено како на час во школска тетратка пишува листа за убиства, во која се нашле наставници, соученици, но и роднини.

Момчето ги напишало имињата на луѓето кои сакало да ги убие, но ливчето го видел неговиот училишен другар и го предал на наставникот.

Полицијата веднаш го привела и ја претресла куќата, но не пронашла оружје.

За инцидентот ги известиле сите чии имиња биле на листата.

Полицијата верува дека не е ништо сериозно, но по неколкуте страшни убиства во училиштата ширум Америка, ништо не сакаат да препуштат на случај.

Изнендувачки и е тоа што момчето воопшто не било проблематично, немало лоши оцени, ниту пак било склоно на насилство и агресивни испади.

Еден од неговите пријатели од одделението изјавил дека можеби само фантазирал, бидејќи подолго време бил на мета на неколкуте училишни насилници, кои го малтретирале.

Елена Георгиевска

 

Би можело да ве интересира

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува